Денес направи го вистинскиот потег. Биди љубезен кон себе и другите, помогни некому. Твојата помош за некој е безусловна среќа. Погледни што е потребно.
За светли домови насекаде. Секое семејство заслужува да има достоен живот. Но, понекогаш потребна е помош. Биди нечиј херој.
Твоите вештини, време и креативни размислување се твоите супермоќи. Употреби ги со цел да помогнеш на некој мал бизнис или организација. Развиј се себе си и другите.
Желбата за проактивност во услови на самоизолација не доведе до одлуката да бидеме дел од десеттото издание на „Стартап Викенд 2020“. Истиот имаше за цел да ги предизвика натпреварувачите да креираат технички и дигитални решенија кои би помогнале во време на COVID-19.Имајќи ја во предвид моменталната ситуација на нашата држава и тргнувајќи од нас самите, не остнавме рамнодушни на идејата да најдеме решение кое, ќе ни помогне да се обединиме, да бидеме еден клик поблиску до донација, помош, заштита. Така ја создадовме ways2help платформа која ги обединува сите начинии на кој можете да им помогнете на оние кои им е најпотребна помош. Нашиот амициозен тим успешно воспостави контакт со сите организации кои во моментов се на терен и нудат поддршка. Дел од нив се: Вистински дела на љубезност, Хера, LGBT Тетово, Волонтерски Центар Скопје, Лице в лице. Но ова е само почетокот…