Продолжуваме да осветлуваме домови! плати сметка за социјално загрозенo сeмејствo

Продолжуваме да осветлуваме домови! плати сметка за социјално загрозенo сeмејствo

Продолжуваме да осветлуваме домови! плати сметка за социјално загрозенo сeмејствo

Акцијата која го одбележа месец Септември продолжува и понатаму. Поддршката која ја добивме од целата наша заедница беше уште еден доказ дека чекориме во вистинска насока. По само 5 часа од објавувањето на акцијата Плати сметка, помогни  на социјално загрозено смејство беа исплатени сите 24 сметки за струја и успевме да помогнеме на 6 семејства кои заслужуваа поддршка во овој предизвикувачки период. Благодарение на вас оваа недела продолжуваме со втор дел на оваа акција која донесе неизмера среќа кај семејствата, а тон воодушевување на нашите лица.

 Моментално се избрани нови 6 семејства на кои им е потребна нашата помош. Овој пат со вас ја споделуваме и нивната приказна, проблеми и предизвици со кои се соочуваат во моментов. Дел од нив се семејства во кои има членови со попреченост, психички растројства, а дел од нив се соочуваат со сериозни финанскиски проблеми. Веруваме дека секоја приказна вреди да биде раскажана, а како основно човеково право сите ние заслужуваме достоинствен живот. Токму затоа сме тука да помогнеме. 

 Една од приказните со која сакаме да ве запознаеме е приказната на самохрана мајка која заедно со нејзинте три деца живее во поранешен дуќан. Откако  нејзиниот сопруг  ја напушти таа се преселила во просторот кој порано бил наменет за дуќан. Извесен период работела како келнерка во ресторан, но со самата ситуација во која се ноѓаме морала да ја напушти работата, па грижата за нејзините деца станувала се потешка и потешка. Дуќанот во кој се сместени пак се уште не е на нејзино име, а за да ја изврши таа промена треба да ги исплати преостанатите сметки.

Всушност никогаш не знаеме што е следно каков предизвик ни крие животот и како ќе успееме да се соочиме со него, но најважно од се е никогаш да не престанеме да веруваме дека постои начин и решение. Низ овие семејства имаме уште неколку самохрани мајки некои од нив  имаат деца со посебни потреби, грижа и внимание, а моментално се соочуваат со високи сметки за струја кои не можат да си дозволат да ги платат. Овие  приказни се едни од многуте кои се дел од нашето секојдневие, едни од многуте кои не опкружуваат но, заслужуваат поддршка. 

Да се помогне некому значи да се верува во промена, што навидум изгледа невозможна.  

Чекорите за да направите исплата остануваат исти, кликнете на овој линк и изберете го семејството на кое сакате да му помогете, останатие приказни ве очекуваат на страната Плати сметка, наскоро.

Ви благодариме што вeрувате, што упорно сте тука да ни докажете дека ништо не е невозможно кога вложуваме труд заедно.