Одговори на вашите прашања за #ПлатиСметка

Одговори на вашите прашања за #ПлатиСметка

Одговори на вашите прашања за #ПлатиСметка

Поради големиот интерес за Плати Сметка и како функционира оваа опција во склоп на нашата иницијатива, решивме да понудиме одговори на некои од најчесто поставуваните прашања.  Исто така сакаме да ја искористиме оваа прилика да ви се заблагодариме за поддршката и континуираната заинтерсираност и иницијатива да се помогне. 

Како се лоцираат и селектираат семејствата на кои им е потребна помош во форма на плаќање сметка за струја?

 Семејствата кои се дел од акцијата Ways2help #ПлатиСметка се избрани според нивните месечни примања, работоспособност на членовите во семејството како и нивната здравствена состојба при што се гледа нивната финансиска можност да ги покријат своите трошоци на месечно ниво како и дали припаѓаат во категоријата на социјално загрозени семејства.

За нас беше навистина битно секоја донација да оди во правите раце и сето тоа да е транспарентно. Со цел да се осигураме дека оваа акција ќе биде од помош на оние на кои им е навистина најпотребна, започнавме соработка со организација која секојдневно не известува и гарантира за веродостојноста на сите 68 семејства на кои досега активно помогнавме со плати сметка но и со донација на храна, лаптопи, облека и училишен прибор. Задоволни сме од досегашната соработка со нашите соработници – Вистински Дела на љубезност, но спремни сме за соработка и со сите останати организации на кои им е потребна помош и поддршка во реализација на нивните иницијативи.

Отворени сме за соработка и со сите останати организации и ги повикуваме да ни се обратат со цел да можеме да помогнеме и на други семејства од други населени места и градови.

Од кога е започната акцијата, колку време е планирано да трае и дали се менуваат семејствата или станува збор за постојана поддршка на веќе селектирани семејства?                 

 

Акцијата Ways2help #ПлатиСметка беше предвидена како акција со 26 сметки која би ја реализирале за три месеци. Бевме исплашени дека нема да бидеме во можност да ги покриеме сите сметки во предвидениот рок бидејќи сите овие семејства можеа да останат без струја во престојниот зимски период. На наше изненадување, во неполни 5 часа од првата наша објава, акцијата веќе беше завршена – беа исплатени сите 26 сметки. Истото се повтори и со следните три објави на нови сметки и сето ова за нас беше доказ дека треба да ја продолжиме оваа акција бидејќи можеме да допринесеме на уште многу социјално загрозени семејства.

Секој наш труд и посветеност досега беше и е во насока да ја потврдиме довербата на донаторите и да искажеме бескрајна благодарност на добрината на сите досега. Благодарение на 58те донатори, помогнавме на 22 различни семејства и посветено се работи на тоа да се помогне на што повеќе семејства долгорочно. Донаторите иако лично не ги знаат семејствата тие сепак се запознаени со нивната приказна, на страната Плати Сметка до наведеното семејство беше испишана и нивната приказна – кратко објаснување за нивната моментална ситуација и причината за потреба на помош. Секој што сака да помогне може да се запознае индиректно со семејството на кое директно значајно допринесува.

На колку семејства досега им се платени сметките и дали плаќањето се одвива директно кон ЕВН или кон други сметки? Може ли ве молам и вкупната сума на платените сметки да ја добиеме?

 Податоци за плаќање и износ на сметки има на нашата Плати Сметка страна додека плаќањето оди директно кон системот за онлајн плаќање на струја. Way2help го извршува поврзувањето односно ги генерира веќе потврдените информации кои се потребни да се внесат за една сметка да може да биде платена како кориснички број, број на фактура и износот на сметката. До овој момент – исплатени се 68 сметки на 22 различни социјално загрозени семејства.Првата сметка беше поставена на 09.09 и беше платена истиот ден. Всушност тогаш започна оваа акција. Досега помогнавме на 22 семејства. Зависно од долговите за секое семејство беа поставени различни сметки во различен износ. За помалку од 2 месеци се исплатија 77 315 ден. 68 сметки на 22 социјално загрозени (четири до дванаесет члени) семејства.

Порака до сите поддржувачи 

Досега навистина сме позитивно изненадени што и покрај оваа кризна состојба постојат луѓе кои несебично придонесуваат, донираат, се хумани, добри, и несебично спремни да помогнат без разлика дали со помош преку волонтирање, споделување на акциите, донација на облека, храна, или исплата на сметка. Акцијата – Плати Сметка беше уште еден доказ дека луѓето сакаат да знаат каде допринесуваат, битна им е довербата, веродостојноста, и транспарентноста, а впрочен се што досега правевме беше и во таа насока, да ја потврдиме довербата и да покажеме дека заедно може многу да помогнеме. Ние навистина не очекувавме дека толку брзо ќе најдеме донатори кои се спремни безусловно да помогнат, без возврат, дури и анонимно.

Моменталната ситуација е многу комплексна и треба да се подржуваме еден со друг. Постојат луѓе кои до пред 7 месеци имаа свои фирми, сега немаат, не се во можност да ги платат своите сметки, луѓе на кои што не им следува помош или не знаат дека им следува помош поради недостатокот на информации во јавноста. Ние се трудиме да допреме до сите тие луѓе и со таа цел во иднина ќе следат и акции од едукативен карактер. Сакаме да ги охрабриме и другите организации да стапат во контакт со Ways2Help и да најдеме различни начини за помош на загрозените граѓани и семејства, со некои од нашите акции, а пред се за Плати Сметка која може да се надгради и за плаќање други типови на сметки како за вода, телефон и слично на уште многу фамилии на кои им е потребна ваква помош. Целиме кон создавање на Ways2Help заедница која взаемно ќе си помага и ќе поврзува останати иницијативи и организации за помош кон сите ранливи групи.Ги охрабруваме сите да ни се приклучат на заедницата – Ways2help.

 

Со почит, Тимот на Ways2help

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *