Плати сметка, помогни на социјално загрозено семејство

Event Details

Овој септември правиме поинаква промена со ПЛАТИ СМЕТКА, помогни на социјално загрозено семејство. 🙌 Да овозможиме топол дом, светлина и основни услови за учење на сите дечиња од социјално загрозените семејства! Со оглед на моменталните услови и несомнените последици од светската пандемија изминативе неколку месеци претставуваа вистински предизвик за одредени семејства. Она што навистина не погоди е како некои семејства одеднаш беа принудени да се соочат со огромни тошоци за кои не беа во можност да си обезбедат финансиско покритие. Преку изминатите акции кои ги спроведовме несомнено сме убедени дека хуманоста кај луѓето е одново разбудена, а свеста и желбата да се помогне се тука, па ајде повторно да направиме промена. За оваа акција преку здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени – Љубезност, обезбедивме неплатени сметки за струја не постари од 12 месеци од 6 социјално загрозени семејства кои се нивни крајни корисници. 👉 Процесот за ПЛАТИ СМЕТКА на социјално загрозено семејство е следен: 1. Одете на следниот линк: https://ways2help.us/plati-smetka/ 2. Одберете семејство, износ на фактура чиј износ би сакале да го покриете. 3. Копирајте ги корисничкиот број и бројот на фактура и притиснете "плати". 4. Внесете ги копираните податоци и следете ги чекорите за наплата. 5. Направете screenshot/фотографија од успешната наплата и прикачете го на страната ПЛАТИ СМЕТКА - https://ways2help.us/plati-smetka/ под податоците за семејстата. [ ⚠️ Битно ] Испраќањето на ДОКАЗ за плаќањето на сметка е ЗАДОЛЖИТЕЛНО тоа вклучува слика или screenshot кои можат да се прикачат на страната со цел да имаме евиденција на исплатените сметки. Со ова, платените сметки ќе бидат соодветно ажурирани. Тимот на Ways2Help заедно со Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness ја потврдува состојбата на семејствата и валидноста на информациите. БЛАГОДАРИМЕ однапред на срдечноста и желбата да се помогне на сите оние на кои им е најпотребно! Со почит, Волонтерите на Ways2help

10 Sep
Плати сметка, помогни на социјално загрозено семејство
  • Organized by: Ways2Help
  • Email: info@ways2help.us