Помогни на оние на кои им е најпотребно.
Донирај оброк денес. Највкусниот оброк е споделениот оброк!
Направете позитивна промена во секојдневниот живот на социјално загрозените семејства и бездомниците. Секоја донација на конзервирана или свежа храна е добредојдена. Дополнително, потребни се и донации од средства за одржување на лична хигиена.
Ајде да им помогнеме на самохраните родители, пензионерите и невработените лица. Да им го разубавиме денот преку донација на храна и намирници.
Објавено од:Хуманитарни Aкции во Македонија
Направете простор за нови спомени. Мебелот, канцелариските материјали или опремата која не ја користите подарете ја на најпогодените.
Борче Стаменов им донесе среќа на многу семејства во изминатите 4 години. Тој е основач на „Донирај компјутер“ - иницијатива која преку поправка на веќе користени компјутери обезбедува компјутер за деца и семејства кој не можат да си го дозволат тоа.
Објавено од: Донирај Компјутер Борче Стаменов
Самохрана мајка, под кирија има потреба од покуќнина. Се што имате, а не го користите, ќе биде од голема помош. Ајде да ѝ пружиме поддршка.
Објавено од: LGBT United
Сподели го твојот некогашен стил. Твојот стар дуксер, палто и маичка можат некому да бидат неопходното парче облека.
Помогнете во одржувањето на благосостојбата на најмладите социјално загрозените лица и семејства, преку донирање на облека и обувки кои се во добра состојба но, не ги користите. Направете промена денес.
Млади, невработени лица од Тетово имаат потреба од топла облека. Доколку можете да помогнете, стапете во контакт со LGBT United Тетово.