+50 деца од социјално загрозени семејства добија училишен прибор

+50 деца од социјално загрозени семејства добија училишен прибор

+50 деца од социјално загрозени семејства добија училишен прибор

Кој би претпоставил дека толку многу среќа се крие измеѓу тетратки, водени бои, фломастери и ранчиња? 

Овој месец го заокруживме со акцијата Донирај Училишен Прибор за Деца од Социјално Загрозени Семејства, настан кој покрај многуте предизвици што ги носеше со себе ни донесе многу нови волонтери, првачиња кои со нетрпение го очекуваат првиот училишен ден и родители во чии очи се раѓа нова сила за борба за подобро утре.
Оваа акција има посебно значење за нашиот тим, соработници и заедница која постојано расте бидејќи, беше посветен на најмладите и поддршката на нивната амбиција, преку симболична донација на комплетен училишен прибор за година која од старт е непредвидлива. Со оглед на моменталната ситуација и известувањата за одржување на наставата, оваа акција не претставуваше само донација на училишен прибор, туку и враќање на ентузијазмот поврзан со почетокот на училишните денови како и желбата за стекнување на знаење.

118515451_2733124353643875_3382884968844914463_o
118348599_433454747587947_7339826510926288639_n

За неполни три дена успеавме да обезбедиме училишен прибор за 45те деца на нашата листа, но многубројните пораки за донации кои ги добивавме спонтано ја продолжија акцијата и благодарение на вас ги надминавме нашите очекувања. Компании, индивидуалци и организации донациите навистина пристигнуваа од сите страни и неизмерно сме благодарни што нашат акција допре до сите вас.
Дополнително на за време на оваа акција обезбедивме и неколку куфери со играчки и облека. Училишен прибор за дете од Куманово и облека за ( овде да се допоше за дечињата бидејќи немав инфо) Но, она што особено не израдува е тоа што успеавме на му помогнеме на 11 годишниот Јован. Јован е едно од децата кои го посетивме при доделување на донациите училишен прибор, тој живее заедно со својот татко кој заработува преку собирање на пластични шишиња, Јован исто така имал и неуспешна операција на неговите колкови и беше во исчекување на втора операција. Воочувајќи ги неговите услови на живот и здравствена состојба, без размислување се решивме да помогнеме колку ќе успееме. И овој предизвик го надминавме заедно со ваша помош, за Јован обезбедивме компјутер и нова облека, фала ви.
Пред да започне оваа акција се што имавме беше една голема желба за една мала но, значајна промена, без големи очекувања, но со голема љубов и напорна работа кон остварување на целта. Денес сме горди на нашата заедница на луѓето кои не поддржуваа и секој кој на било каков начин беше вклучен во процесот на спроведување на овој настан, бидејќи ни докажавте дека вреди да се има амбиција да постигнеш повеќе отколку што навидум е возможно.

Би сакале да изразиме посебна благодарност до: Intertec.io, Edufront, Cosmic Development, InPlayer, Xessable, SmartUp – Social Innovation Lab, Digital Menu, и Среќа Мк / Srekja Mk за нивниот значаен придонес кон акцијата и нескромната поддршка на нашата мисија.
Благодарност и до Вистински Дела на Љубезност и Бродот на Среќата без кои оваа акција не би била возможна.

До наредна успешна акција 

Ways2help