4 нешта кои ги научивме од нашата прва хуманитарна акција

4 нешта кои ги научивме од нашата прва хуманитарна акција

4 нешта кои ги научивме од нашата прва хуманитарна акција

4 нешта кои ги научивме од нашата прва хуманитарна акција

Донирај конзервирана храна за сиромашни смејства - е првата хуманитарна акција организирана од волотерите на Ways2help.
 
Уште  кога започна самата идеја за креирање на платформа која ги обединува сите хуманитарни акции, нашата цел беше да овозможиме поголема поддршка за истите, поголема видливост на нивните акции и транспаретност при нивната реализација.

 Уште  кога започна самата идеја за креирање на платформа која ги обединува сите хуманитарни акции, нашата цел беше да овозможиме поголема поддршка за истите, поголема видливост на нивните акции и транспаретност при нивната реализација.

Меѓу првите организации кои одлучија да бидат дел од нашата мрежа на соработници беа и Вистински Дела на Љубезност, организација која е позната по своите хумани проекти кои активно им помагаат на сиромашните семејства и бездомниците повеќе од четири години.  

Преку напорната работа на платформата, стигнавме до заклучок дека треба подобро да се запознаеме со процесот низ кои поминуваат организациите, да докажеме дека навистина постои поголема потенцијална помош од страна на граѓаните до која можеме да допреме. Па така со цел поддршка на нашите соработници Вистинки Дела на Љубезност во периодот од 06.07.2020 до 10.07.2020 со почеток од 18:00ч на Бродот на Среќата ја организиравме нашата прва хуманитарна акција. Акција која дефинитивно ги надмина нашите очекувања и од која навистина научивме многу. За време на истата беа собрани следниве количини: 93,2 кг конзервирана храна ,75.8 кг различни производи на храна, 3,7 кг хигиенски средства, 27кг облека како и дополнителни парични средства со кои беа набавени дополнителни потребни намирници. Во текот на наредната недела по изминувањето на акцијата, донациите беа доделени до семејствата на кои им беше потребна помош. 

Неизмерно сме им благодарни на сите кои не поддржаа и благодарение на нив не само што обезбедивме помош и поддршка за социјално загрозени семејства и бездомници, туку успеваме да научиме кое е значењето на овие настани.

Ова се 4те нешта кои ги научивме од нашата прва акција:

1. Вистинската хуманост не познава граници

Иако настанот беше посветен на конзервирана храна уште по самото објавување на истиот голем број на луѓе ни се обратија со прашања што се друго можат да донираат, што се е потребно и во кој количини. Навистина сфативме дека постојат голем број на луѓе кои без размислување се подготвени да помогнат. Навистина не постои поубаво чувство од тоа.

2. За успех потребни се вистинските луѓе

Клучен момент од оваа акција беа нашите соработници и организацијата помеѓу нас како тим. Мотивацијата и посветеноста која ја имавме направија да за секој предизвик најдеме соодветно решение. Нашите соработници пак, овозможија да  имаме доволно слобода при реализација на акцијата, но и ни ја пружија соодветната поддршка за спроведување на истата.

3. Соработката води до поголеми резултати

Една од неколкуте важни поуки, воедно и една од нашите вредности, која успеавме да ја истакнеме е дека доколку се здружиме кон истата цел, резултатите неизбежно ќе бидат значително поголеми. Самото тоа што оваа акција доби дополнително внимание благодарение на нашата мрежа на познанства, таа дополнително докажа дека понекогаш доволно е само хуманитарците да бидат насочени кон вистинските акции.

4. Хуманитарните акции се најдобриот повод да се видите со пријателите

Во времиња како што е ова во кое живееме денес, соочени со пандемија, ограничено движење и зголемена претпазливост, ова се настаните кои не поврзуваат на еден посебен начин. Преку оваа акција не само што овозможивме помош, туку овозможивме и момент кога можеме барем преку поглед да испратиме насмевки до луѓето со кои што не сме се виделе подолг период.

Ова се само почетоците, веруваме дека можеме да направиме многу повеќе, а доколку и ти го делиш истото мислење стани дел од нашата заедница #ways2helpCommunity  и помогни ни да направиме промена заедно.