Месец на хуманоста: Настани во кои може да се вклучите

Месец на хуманоста: Настани во кои може да се вклучите

Месец на хуманоста: Настани во кои може да се вклучите

Компании, организации, општини сите на свој начин го одбележуваат месецот на хуманоста преку организирање на свои акции, донаторски пуктови како и настани чии главна порака е да се помогне. Доколку сакате да се вклучите и да бидeте дел од луѓето кои сакаат да направат промена во својата заедница, ова се дел од настаните од кои можете да бидете дел:

Cooking with Branko и Витаминка

Под мотото „Биди дел од месецот на хуманост, купи производи и донирај“ блогерот Бранко Попоски познат по псевдонимот Cooking with Branko во соработка со Витаминка, ќе донираат производи, храна и приготвени оброци за социјално загрозените семејства. Во текот на целиот месец октомври, Бранко ќе набавува намирници (леб, овошје, зеленчук, зрнести производи) со кои ќе приготвува оброци, а Витаминка ќе донира производи. Подготвените оброци и донираните производи од Витаминка, соодветно спакувани преку Здружението Љубезност и Ретвитни Оброк ќе бидат доставени до семејствата во неповолна социјална положба. Целта на акцијата е да се подигне свесноста за ситуацијата во која се наоѓаат голем број семејства, посебно погодени од здравствената криза и да се поттикне јавноста со свој личен придонес да се вклучи и да помогне на некое од овие семејства.

Секој петок во периодот од 13.00 до 17.00 часот готови оброци (без свинско месо) ќе може да се донираат исклучиво преку кетеринг кујна или ресторан со достава во просториите на здружението „Љубезност“, контакт 070 378 855. Донации во конзервирана храна (без свинско месо) може да се достават на локација на Бродот на среќата секој петок и сабота од 13.00 до 17.00 часот. Производи и храна со подолг рок на употреба може да се донираат од понеделник до петок од 13.00 до 17.00 исто во Бродот на среќата.

Сезонски Собирни Пунктови – Октомври 2020

Во текот на месец Октомври на осум локации во Скопје ќе бидат реализирани Сезонски собирни пунктови од страна на Вистински Дела на Љубазност. Четири од нив ќе бидат во соработка со Општина Гази Баба, додека останатите ќе бидат во самостојна организација.
Пунктови кои се може да ги посетите:
Среда, 14.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч. ДИМ маркет Стајковци
ДИМ маркет Железара
ТИНЕКС – Бриколаж
КИТ-ГО – Автокоманда
Петок, 16.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч. ВЕРО ЦЕНТАР – ЏАМБО
Среда, 21.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч. ДИМ маркет Стајковци
ДИМ маркет Железара
ТИНЕКС – Бриколаж
КИТ-ГО – Автокоманда
Четврток, 22.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч. ТИНЕКС (Драмски)
Среда, 28.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч. ДИМ маркет Стајковци
ДИМ маркет Железара
ТИНЕКС – Бриколаж
КИТ-ГО – Автокоманда
Четврток, 29.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч.ТИНЕКС (близу City Mall)
Граѓаните ќе можат да ги посетат пунктовите во термините кои се објавени и при тоа да донираат храна и хигиенски средства.
На пунктовите ќе се применуваат сите препораки за носење на заштитна опрема и одржување на дистанца.
Овие донации се потребни за да здружението „Љубезност“ ги покрие потребите на корисниците кои ги посетува (бездомниците и сиромашните) во текот на зимата.

Cycle4Charity

Вработените во компанијата Intertec како големи љубители на велосипедизмот и акциите за добротворни цели решија да организираат свој настан „ВозимеЗаДобротворниЦели“, или како што би рекле тие, хуманитарна велодружба која ќе се одржи на 27 октомври, со почеток од 17:30 часот. Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со донација од 200 денари на жиро сметката на Intertec со назнака донација за Cycle4Charity.

IT компаниите, кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат како индивидуалци или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата донација треба да ја направат на жиро сметката на Интертек со назнака донација за Cycle4Charity.
Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.
Овој настан е одличен начин да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во нашата заедница и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.
Точната локација и рутата како и повеќе информации за хуманитарната велодружба “Cycle4Charity” ќе бидат дополнително објавени.
Како да донирам?
Донирај на жиро сметка со внесување на сите детали, испишани подолу:
Цел на дознаката: Уплата за донации Cycle4Charity
Назив на налагопримачот: ИНТЕРТЕК.ИО ДОО Скопје
Трансакциска сметка на налагопримачот: 210-0702218201-07
Банка: НЛБ Банка АД Скопје
Шифра на плаќањето: 562

Нахрани 10.000

Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓани би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна.
Нахрани 10.000 е национална акција за донирање на храна на одбрани локации поточно пред маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат храна од граѓаните кои сакаат да донираат и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани поточно правење хуманитарни пакети од собраните донации. Целта е собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.
Настанот ќе се одржи на 17-ти октомври (сабота), 2020 година од 10 до 18 ч. Низ повеќе градови низ нашата држава.

#Гази Баба се грижи

Општина Гази Баба започнува со хуманитарната акција „Месец на хуманост -#Гази Баба се грижи” која ќе ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, во Автокоманда, во 12 часот. Акцијата ќе трае еден месец, од 2 октомври до 2 ноември. Акцијата опфаќа  донирање на храна, облека и мебел за лицата од ранливите категории, а ќе се организираат и еко акции за чистење на неколку клучни локации во општината, активности за подигнување на свеста за селектирање, рециклирање и собирање на отпадно масло за јадење, како и посебни денови за грижа на домашни миленичиња. Исто така, во акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“ ќе бидат вклучени сите вработени во општинската администрација, бизнис заедницата, како и огромен број на јавни личности, функционери и волонтери кои несебично се понудија да го дадат својот придонес во рамките на оваа активност.

#ПлатиСметка 

Еден од начините на кои исто така може да придонесете без да го напуштите вашиот дом е услугата плати сметка која е достапна на нашата платформа Ways2Help.  Преку неколку чекори го одбирате семејството на кое сакате да му пoмогнете и износот на сметка која може да си  дозволите да ја покриете. Преку овие неколку чекори вие станувате неизмерна причина за радост и поддршка на самохрани мајки, семејства со ниски приходи и членови со посебни потреби. За светли домови насекаде. Погледнете на кои семејства можете да им помогнете сега преку клик на следниот линк