Помогни некому,

Секој заслужува можност за разговор

Со особена радост, гордост и надеж ви го споделуваме следново соопштение!!! &quote;Разговор.мк заедно со Ways2Help и Љубезност собираат донации и oвозможуваат психолошка поддршка на загрозени семејства&quote;

Во нашата досегашна работа увидовме огромна потреба од психолошка поддршка за луѓето кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а се наши крајни корисници. Оваа поддршка сега е потребна повеќе од било кога порано. За таа цел, Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness во соработка со Ways2Help и Разговор.мк собира донации кои ќе се искористат за покривање на трошоците за советување на лицата од социјално загрозени семејства со лиценцирани психолози. Донациите соодветно ќе можат да се спроведат преку дигиталната платформата на Ways2Help во посебен модул - Razgovor.mk. Секоја донација ќе биде дуплирана од страна на Разговор.мк до максимална сума од 55,000 денари. Потребно е да се обезбеди психолошка помош на 20 семејства. Соодветно според вредноста на собраните средтсва ќе се одреди бројот на сесии кои што ќе можат да се обезбедат за секое од семејствата. Ја повикуваме јавноста, општествено одговорните компании и сите други општествени чинители да се приклучат на оваа акција и заедно да им ја овозможиме и те како потребната психолошка поддршка на лицата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства. Со почит, Ways2Help, Љубезност, Разговор.мк

Сметка за донации:

ЗГ ЉУБЕЗНОСТ - СКОПЈЕ - ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19
300000004499963 Комерцијална банка

Цел на дознака: Донации за психолошки сесии преку Ways2Help